Воспоставувањето блиска соработка помеѓу локалната власт и организациите на лицата со попреченост со цел нивна интеграција и решавање на проблемите на оваа категорија граѓани, е основна цел на Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во општина Охрид, што вчера беше промовиран пред охридската јавност.
Овој стратешки документ Советот на општината едногласно го усвои во јули оваа година, со што Охрид стана само трет град во државата кој изготвил Локален акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост.
Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во општина Охрид е изготвен во согласност со меѓународните стандарди и врз основа на принципите зацртани во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com