Од презентерите и од учесниците во дебатата можеше да се слушне дека примената во овој широко прифатен модел на соработка помеѓу наставници и родители на ученици во САД, наидува на бројни објективни и пред се` субјективни пречки во наша средина и дека „ќе бидат потребни голема волја, средства и организираност за да се крене нивото на соработка“.
Меѓу другото на семинарот беа презентирани и слајдови со новински исечоци од повеќе дневни весници, со кои пластично беше прикажана сериозноста и опасноста од упореба на дроги и се` почестото конзумирање опојни средства на многу ученици.
Примената на тнр. комеров модел треба да стартува во септември, иако припремите за имплементирање се веќе во тек и е во програмските активности на Министерството за образование, Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.