Лабараторијата Кажимото од универзитетот во Токио претставила прототип на првиот светски апарат за бакнување на далечина. Иако идејата звучи чудно, творците на апаратот се уверени дека постои пазар за оваа технологија. Апаратот е конципиран на пренесување на чувствата со поместување на јазикот на едниот партнер преку апаратот, до устата на другиот, и обратно.
Творците на апаратот изјавиле дека идејата ја добиле како би им помогнале на паровите кои се оддалечени илјадници километри. Иако апаратот засега делува круто и недообработено, творците најавиле дека работат на деталите кои ќе помогнат што подобро да се пренесат информациите и чувствата врзани со процесот на бакнување.