Презентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи денеска во Охрид е презакажана за утре (петок) попладне, информираа од Министeрството за финанасии.
Според најавите, сите заинтересирани граѓани ќе може да ја посетат презентацијата и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом во 17:30 часот во зградата на општина Охрид.
На презентацијата ќе бидат присутни претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи наредните денови во Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.
OhridNews