Јавната Установа Национален парк Галичица денеска ќе изврши презентација на „Стратегијата за развој на одржлив туризам во Национален парк Галичица”.

Во рамките на проектот „Поддршка за Националниот парк Галичица” финансиран од KFW банката од Сојузна Република Германија за потребите на Јавната Установа Национален парк Галичица се изврши истражување на туризмот во НП Галичица и Општините Охрид и Ресен од страна на експертите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Меѓународниот експерт за туризам, Никол Хојслер од Сојузна Република Германија, врз основа на истражувањето и  дополнителен сопствен ангажман во соработка со вработените од ЈУНПГ и консултации со значајните засегнати страни го изготви овој тратешки документ за одржлив туризам во Националниот парк Галичица.

Презентацијата на „Стратегијата за развој на одржлив туризам во Национален парк Галичица”, ќе се одржи во х. „Белведере“.

Ohridnews