Проектот кој е реализиран со донација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, во понатамошната фазаопфаќа поставување на информативна табла на локацијата кај споменикот на Св. Кирил и Методиј во центарот на Охрид. Во рамки на проектот изработен е и пропаганден видео материјал и брошура за руралниот туризам во двете општини.
Целокупната презентација на резултатите од проектот ќе биде извршена утре во 11ч. во хотелот „Чинго“, а поставувањето на информативната табла ќе се изврши кога тоа ќе го дозволат условите на терен.