Центарот за развој на Југозападниот плански регион, ќе ја публикува Програмата за развој на Југозападниот плански регион, кој е еден од основните документи за развој на регионот во следниот петгодишен период.

По тој повод, денес, во големата сала на општина Охрид, со почеток во 14 часот ќе се одржи презентација на овој значаен плански документ, каде покрај претставувањето на програмата, учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе за работата на органите и телата во Македонија задолжени за регионалната политика.

Во тој контекст ќе се зборува и за работата на органите на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

OhridNews