Периодот јануари-март е сезона на туристички саеми. По неколкуте кои се случија минатиот месец, меѓу кои и првиот меѓународен саем за туризам во Охрид, раздвиженоста на туристичките работници продолжи во февруари со саемот со Будва кој се одржа минатиот викенед.


Охрид се претстави во Црна Гора

На саемот Охрид имаше забележително претставување, а задоволство изразија и хотелските работници кои како што беше соопштено обновиле повеќе контакти со деловни партнери кои се заинтересирани да го нудат Охрид во претстојната туристичка сезона. Општина Охрид на саемот во Будва традиционално и оваа година се претстави заедно со уште 300 излагачи од Црна Гора, Италија, Албанија, Хрватска, Германија, Франција, Русија, Србија и др. Според информациите од Будва штандот на Општина Охрид бил меѓу најпосетените, а туристичката понуда на градов ја разгледал и  министерот за туризам на Црна Гора.


Новиот штанд на Охрид

Делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Владо Чингоски, се сретнала со градоначалникот Рајко Куљача и раководителите на економските тимови на Будва. На средбата било разговарано  за продлабочување на постојната соработка и размена на искуства во областа туризмот и економскиот развој, а во знак на пријателство претседателот на охридскиот Совет на градоначалникот на Будва му врачи реплика на познатата “Златна маска” од Охрид.


Златна маска за градоначалникот на Будва

Туристичката промоција на Охрид во наредниот период ќе продолжи со презентација на повеќе саеми во соседството и Eвропа.

ohridnews