Во Охрид денеска ќе биде претставена Националната стратегија за одржлив развој на Република Македонија.
Според националниот координатор за изработка на Стратегијата, Дејан Пановски, овој значаен стратешки документ има еколошки, економски и социјални димензии и ја содржи визијата за идниот одржлив развој на земјата.
Стратегијата е одобрена од Управниот Комитет и после промоцијата влегува во Владина процедура на усвојување.