Во рамки на проектот “Подобрување на националниот одговор во поглед на сексуалното и репродуктивно здравје и права во Македонија” Х.Е.Р.А – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражувања заедно со Институтот за јавно здравје на Р. Македонија организира тркалезна маса на тема “Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје – Потреби и предизвици на локалната заедница“ во општина Охрид.

На тркалезната маса  што ќе се одржи во вторник, ќе се претстават целите на проектот и ќе се развие дијалог меѓу сите релевантни чинители со цел подобро адресирање на потребите на граѓаните на ниво на локална заедница, а особено адолесцентите и младите, при подготовката на националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје и права.

Ohridnews