Во сабота, 1-ви август, а по повод националниот празник, 2- ри август Денот на републиката, во подрачното одделение на Државниот архив на Македонија, ќе се одржи манифестацијата „ Отворен ден на Архивите“.
Преку ваквата манифестација, Архивот на градот Охрид предводен од раководителот Славица Јанковска, има за цел на јавноста да и ја презентира историјата на македонскиот народ низ најстарите и најрепрезентативни документи кои ги поседува и се чуваат во депото на архивот на град Охрид. Покрај документацијата која ќе биде изложена преку изложбена поставка, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со архивската дејност и активностите на архивските работници. Манифестацијата е од отворен карактер и започнува од 18 часот до 22 часот во просториите на Државниот Архив на РМ – Подрачно Одделение Охрид, на улицата Никола Карев.
Манифестацијата „Отворен ден на Архивите“ ќе се организира и во останатите градови, во организација на ДРжавниот Архив на Македонија.
OhridNews