Презентација на Мајкрософт решенија чиј застапник е Еко-нет од Скопје, се одржа денеска во продажниот салон на охридската компанија Инфобиро. На презентацијата претствници на повеќе софтферски компании ги изложија своите технолошки решенија и информативни системи за големите компании.
Целта е компаниите да се информираат за новите информативните системи и да ги вклучат во своето работење. Верувам дека нашите софтверски решенија ќе им помогнат на компаниите брзо и прецизно да одлучуваат со што ќе се конкурентни на пазарот и привлечни за странските инвеститори, ни изјави Драган Маркоски од Инфобиро.
Драган Маркоски – Инфобиро
Маркоски смета дека успешните компании одамна ја сфатиле потребата од употреба на легални и современи софтверски решенија. Системот не трпи импровизација, бидејќи секоја импровизација е осудена на пропаст, вели Маркоски. Тој посочува дека за жал мал број компании од Охрид се вистински брендови и користат висока информатичка технологија. Инфобиро софтверските решенија главно ги пласира во Скопје, Велес, Штип, Виница и други градови, а од неодамна софтвер на оваа охридска компанија користи една од најголемите фирми на Косово, Елкос.
Презентација на Мајкрософт решенија во Инфобиро
Горан Момироски