Охрид деновиве го презентира богатото културно – историско наследство на средби со локалните авторитети и туристички работници од познатите хрватски летувалишта Ровињ и Пула. Средбите се одржуваат на иницијативата на Друштвото за афирмација на македонското културно историско наследство “Македонски културен форум“со седиште во Пула. На средбите што се одржуваат под мотото „И сонцето е ѕвезда“ учествуваат историчари, универзитетски професори, културни и јавни работници од Хрватска и Македонија.

Делегација на градот Охрид која ја предводи градоначалникот Александар Петрески, вчера остварила средба со градоначалникот на општина Ровињ на која биле разменети мислења за поблиска соработка на двата туристички бисери. Во знак на пријателство гостопримливите домаќини на Петрески му подариле сувенир – традиционално ровињско кајче „батана“, онформираат од локалната самоуправа.

Целта на средбите е да воспостави поблиска соработка помеѓу општините и туристичките работници од Македонија и Хрватска, во што несебично помага македонската заедница која живее во оваа пријателска земја.

Во рамки на меѓународната културна манифестација која „И сонцето е ѕвезда“, во организација на македонското Друштво „Македонски културен форум- Пула“, денеска се одржува книжевно беседење за охридскиот поет, ловороносецот, Григор С.Прличев.

Ohridnews