Во ОУ “Христо Узунов“, денеска ќе се одржи презентација на Комеровиот модел – реализиран модел на соработка помеѓу родители и наставници во САД.
Презентацијата ќе се изврши согласно програмските активности на Министерството за образование и наука, педагошката служба, Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.
Целта на презентацијата е претствување на начинот на соработка на родителите и училиштата во САД и негова примена во македонски услови.