Во рамките на активностите во делот на безбедност на вода, Црвен крст Охрид утре на градското пристаниште во 12:00 часот ќе изврши презентација на Единицата за безбедност на вода.

Посетителите ќе имаат можност од спасители на вода да се информираат за тоа како се станува спасител на вода, начинот на работата на спасителите на вода, искуствата на спасителите при нивните ангажмани на капалиштата, како и да видат дел од опремата на Единицата за безбедност на вода.

Оние кои ќе имаат желба да завршат еден од курсевите за спасител на вода во Црвен крст Охрид, ќе ги добијат потребните информации и ќе бидат евидентирани од надлежните.

Ohridnews