Презентација на Предлог – Детален урбанистички план за Урбана заедница 1 блок 1.2 и блок 1.4 и Урбана заедница 3 дел од блок 3.4, општина Охрид предлог план 2009-2014, со тех. бр.11/03 од декември 2013 год. изработен од ДПУП „ПОЛОГПРОЕКТ -ПРО“ доо Гостивар, ќе се одржи на 21.02.2014 год. во 11.00 часот во Големата сала на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа.
Планскиот опфат за ДУП за УЗ 1 блок 1.2 и блок 1.4 и УЗ 3 дел од блок 3.4 Општина Охрид е со површина од 42,76 ха и е дефиниран во следните граници: Ул.”Илинденска”, ул.”Кирил и Методиј”, ул.”Абас Емин”, бул.”Туристичка”, ул.”Пирин планина”, ул.”Васил Стефоски”, река Грашница и Охридско Езеро.
ОhridNews