Презентација на резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на медицинските услуги во ЈЗУ Нефрологија – Струга, овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
На настанот, според најавата од Министерството, ќе присуствува директорот на установата, Јетмир Зиба, заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.
Во рамки на проектот опфатена е реконструкција на објектот, набавен е систем за централно снабдување со кислород наменет за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на кровот на објектот.
Со ова значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа.
Вредноста на целиот проект изнесува 26.043.286 денари. Министерството обезбеди 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.
Н.С.Ј.