Денес со почеток во 11.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во организација на Здружението на лица со дијабетес, когнитивниот психолог и психо-биолог Изабела Николовска ќе зборува на тема „Дијабетесот и менталното здравје“.
Акцент на презентацијата ќе се стави на тоа како дијабетесот има влијание врз менталното здравје, со фокус на тоа како инсулинот влијае на расположението и когнитивните функции. Присутните ќе можат да ги пренесат лични искуства, за тоа како инсулинот влијае на нашето расположение. Изабела ќе им зададе и домашна задача – посебна вежба, со цел да ја забележиме самите конекцијата помеѓу инсулинот и одредени симптоми на анксиозност, стрес или депресија, информираат од Библиотеката.
Настанот е бесплатен и отворен за сите.
OhridNews