Резултатите од проектите за инфраструктурна поддршка насочена кон унапредување на здравствените услуги и здравствениот туризам во Охрид ќе бидат презентирани утре.

На јавноста ќе и бидат претставени современо опремениот центар за физикална терапија во болницата „Св.Еразмо“ и реконструкцијата во „ЈЗУ Кардиологија Св. Стефан – Охрид“, реализирани во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, директорите на установите, д-р Харалампие Шокароски и д-р Билјана Теговска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.

OhridNews