Презентација на ранохристијански мозаици во струшкото село Октиси. На 7-ми ноември во 12 часот во близина на црквата Св. Никола, во с. Октиси, Струга официјално ќе биде отворен објектот во кој се изложени дел од мозаиците, откриени при изградба на самата црква, информираат од НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга.

Објектот во иднина ќе биде отворен за посетители, кои ќе имаат можност да ги видат над 1500 години старите мозаици и самата базилика чии подови ги краселе, додаваат од Установaта.

OhridNews