Концертот на рускиот пијанист Борис Березовски, што во рамки на фестивалот „Охридско лето“, требаше да се одржи вечерва во катедралната црква Св. Софија, е презакажан за 19  август 2009 год. во 22 часот. Причина за одложувањето на концертот се здраствени проблеми на уметникот, соопшти дирекцијата на фестивалот.

Билетите купени за денешниот концерт ќе бидат важечки за новиот датум на концертот, информиораат од „Охридско лето.

Годинава имаше повеќе поместувања во фестивалската програма, а дел од најавените настани поради разни причини не се одржаа.

Ohridnews