Превозниците кои вршат меѓуопштински и меѓународен, превоз на патници, а сакаат во својот возен ред да додадат нови линии или да ги променат веќе одобрените линии, заклучно со петок ќе може да упатат барање до Министерството за транспорт и врски. Ова процедура за промена на возните редови е дел Законот за превоз во патниот сообраќај.

Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на веќе одобрените возни редови се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk/liniskiprevoz.

OhridNews