Сите регистрирани превозници од Охрид заклучно со 21 април,  ќе може да конкурираат за добивање на линија за Јавен превоз на патници во охридскиот регион. Според Јавниот повик, кој го објави Секторот за комунален развој и сообраќај, при Општина Охрид, на располагање се вкупно  девет линии кои се однесуваат на селските и приградските населби.

Линија бр.1                Охрид-Горно Лакочереј-Охрид;
Линија бр.2                Охрид-Свиништа-Куратица-Охрид;       
Линија бр.3                Охрид-Косел-Охрид;
Линија бр.4                Охрид-Велгошти-Охрид;
Линија бр.5                Охрид-Ливоишта-Охрид;
Линија бр.6                Охрид-Елшани-Охрид;
Линија бр.7                Охрид-Пештани-Охрид;
Линија бр.8                Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид;
Линија бр.9                Охрид-Подмоље-Охрид.

За сите линии ќе се избираат по два превозника, освен за линијата бр.1 за која ќе се избира еден превозник. За подетални информации, заинтересираните превозници можат да се обратат во Секторот за комунален развој и сообраќај.

Изборот на превозникот и издавањето на дозволата и регистрираниот возен ред го врши комисија формирана од Градоначалникот на општина Охрид согласно понудите од јавниот повик.

OhridNews