„Во салата заедно со г-дин Мерко влегоа 30 или 40-тина други кои не беа во својство на советници. Тие беа замолени од страна на претседавачот да ја напуштат салата за одржување на редот и продолжување на работата на собранието, но тие не го сторија тоа, дури имаше и навреди. И по многуте обиди неколку пати го замолив градоначалникот Мерко да им се обрати на лицата за да ја напуштат салата, тие не го сторија тоа и се разбира мене како претседавач на советот ми беше оневозможено да ја продолжам изборната седница на месниот совет на Струга така што ја напуштив салата“ вели во изјава за Алсат М телевизија, Мелаим Адеми- член на раководството на ДУИ
Градоначалникот Мерко ги демантира ваквите тврдења. Според него на состанокот немало никакви тензии, а делегатите без никаков притисок го извршиле изборот на месниот комитет.
„Најодговорно тврдам дека на состанокот немаше никаков инцидент. Сите присутни беа членови или симпатизери на ДУИ, а изборот на раководство и членови на месниот одбор беше извршен на најдемократски начин. Не знам од каде сега доаѓаат ваквите информации дека нешто се случило. Напротив немаше никаков инцидент ниту навреди на состанокот на партијата“, изјави за Ohridnews, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој не ги крие амбициите дека сака да остане во градоначалничката фотелја и во наредниот мандат, бидејќи смета дека успешно ја извршува функцијата. Негов најсериозен кандидат е поранешниот министер за образование Азис Положани, а нивната политичка борба за превласт во струшкиот огранок го подели членството.
Кој ќе ја добие биткака за Струга ќе се знае во сабота кога ќе се одржи изборното Собрание на огранокот на ДУИ. До тогаш останува делегатите да го комплетираат и последниот месен одбор. Од гласањето на месните одбори зависи и саботниот избор, кој е исклучително важен, бидејќи претседателот на огранокот се очекува да биде кандидат за градоначалник на ДУИ на претстојните локални избори во Струга.