Изборната конференција на општинската организација на СДСМ-Охрид, што се одржа во петокот предизвика превирања во партијата.
Централата не го признава изборот на Томе Чинговски, актуелен шеф на кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, за престедател на ОО СДСМ во Охрид. Чинговски кој ја доби подршаката од 47 делегати на изборната конференција, вели дека тој е легитимно избран претседател на огранокот.
На гласањето за претседател не присуствувало работното претседателство кое заедно со потпретседателот на СДСМ Игор Ивановски кој присуствувал на изборот, ја напуштило конференцијата откако мнозинството од 84-те делегати иницирало измена на деловникот, изборот на претседател, спротивно на предлогот на централата во Скопје, да се врши со гласање за повеќе од еден кандидат.
Претходно, раководството на партијата за единствен кандидат за претседател на ОО-ја го предложи актуелниот советник и вршител на должноста директор на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, но на изборната конференција делегатите го изгласале предлогот Томе Чингоски да биде втор кандидат, кој подоцна е избран за претседател на огранокот.
Раководството на партијата тврди дека изборот на Чинговски е нелигитимен бидејќи е извршен откако работното претседателство ја прекинало изборната конференција. “Поради дополнителни деловнички консултации со централното раководство на СДСМ, потпретседателот Игор Ивановски ја прекина изборната конференција која со работа ќе продолжи веднаш по обавените консултации. Она што по прекинувањето на Конференцијата се случувало е неважно“, се вели во соопштението испратено до медиумите, потпишано од сеуште актуелниот претседател на ОО на СДСМ во Охрид, Ацо Велески.
мојот избор е легитимен-Томе Чингоски
Томе Чинговски смета дека неговио избор е регуларен бидејќи зад неговата кандидатура застанало мнозинството од делегати присутни на конференцијата. Чингоски додава дека ќе ја почитува секоја одлука на централата доколку таа биде демократска, но не верува во поништување на изборната конференција, бидејќи според него тоа би значело негирање на вољата на базата.
Г. Момироски