На состанокот што се одржува на иницијатива на Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за превенција, ќе стане збор и за мерките за подобрување на актуелната ситуација во однос на криминалитетот, предвидена е презентација на концептот „Партнерство меѓу Полицијата и заедницата“ како и осврт на тема „Стоп за семејното, сексуалното и родовото насилство“.
На состанокот, свои излагања ќе имаат, претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалната самоуправа, од Локалниот совет за превенција, претставници од тимот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ и др.