Ова е една од превентивните мерки со кои ке се намали присуството на моторциклите на пешачката зона од мостот до хотелот „Парк“кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на пешаците на овој потег. Во контекст на превентивните мерки, полициските службеници ќе вршат укажување кон возачите на моторни волила и на моторциклите по што кон сите што ќе бидат затекнати во управување на моторцикли, патнички и други возила на овој потег, ќе се применуваат репресивните активности со поднесување соодветни пријави, предупредуваат од СВР Охрид.
Превентивно подигнат мостот кај каналот Студенчишта
Покрај тоа, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од надлежните органи во Локалната самоуправа ќе побара поставување на физички препреки со кои би се оневозможило движење на моторцикли и возила по пешачката патека и поставување на знаци „Забрана за движење на моторни возила“ со што значително би се зголемило нивото на безбедност на пешаците.