Доцна попладнево низ Охрид се слушат звуци на сирени од полициски возила во движење. Вознемирени граѓани кои се обратија до редакцијата на OhridNews бараат објаснување-што се случува и зошто се слушаат сирените.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека станува збор за превентивна мерка, пред почетокот на полицискиот час, при што полициски возила со вклучени сирени прават обиколка низ градот и приградските места.
- Од 21 часот кога почнува полициски час, полициските службеници ќе патролираат со вклучени ротациони светла на полициските возила, нагласува Димоски.
OhridNews