Опасностите од пожари, состојбите со дивите  депонии како и проблемот со илегалното преминување на државната граница и прекуграничен  криминал, ќе бидат на дневен ред на вториот состанок помеѓу претствниците на Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција и претседателите на Месните заедници кои го опфаќаат подрачјето од населбата Рача до селото Љубаништа. Средбата, на која се поканети и советодавните  групи на граѓани од овие подрачја, ке се одржи денеска со почеток во 19.30 часот во основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани.

На состанокот, ќе бидат разгледани и предлог мерките поврзани со зачестената продажба на алкохол на малолетници, надминување на проблемите со нарушувањето на јавниот ред и мир и бучававата во текот на летната туристичка сезона.

Свои излагања ќе имаат, претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од мисијата на ОБСЕ во РМ, од националниот парк „Галичица“, Шумската полиција, Дирекцијата за заштита и спасување, Ре- публичкиот центар за справување со кризи, Граничната полиција, Територијалната противпожарна служба и од Локалната самоуправа. На присутните ке им бидат поделени едукативни флаери и друг пропаганден материјал со корисни совети и упатства.    

Ohridnews