Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Св.Наум“ и претставници на Јавната установа „Национален парк Галичица“, деновиве спроведуваат превентивно-едукативна кампања.

Тимови од полициски службеници и претставници на Националниот парк, кај кракот што од регионалниот пат Охрид – Св.Наум води кон туристичката населба Отешево, на граѓаните им делат летоци со едукативна содржина и, притоа, низ непосредни разговори со нив, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, како и на потребата да ја почитуваат забраната за движење низ шуми и како да се однесуваат при движење на регионалниот пат низ шумските појаси, информираат од СВР Охрид.

Заедничките тимови, додаваат, посебно ја нагласуваат потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

OhridNews