Секторот за внатрешни работи Охрид и одделението за превенција, денеска во 20 часот, во зградата на поранешната Општина Мешеишта, организираат работен состанок со членовите на Советодавната група граѓани од Мешеишта.

На работниот состанок, ќе се анализираат состојбите околу нарушувањата на јавниот ред и мир, неовластеното пукање со огнено оружје на семејни и други веселби, проблемот со продажба на алкохол после 19 часот а посебно   продажба на малолетниците. Состанокот ке биде искористен за информирање на месното население за состојбата и опасностите од пожари, со плановите за превентивно делување, со состојбите со депониите за отпад на подрачјето, со активностите на ловните друштва пред почетокот на ловната сезона и сл.

Меѓу другите теми на состанокот ке биде и информацијата за превентивните мерки на СВР Охрид околу имплементација на проектот  односно превентивната кампања „Да се заштитиме од кражби„ и можностите за дистрибуција на едукативно-информативен пропаганден материјал поврзан со заштита од кражби, зашита од пожари и флаери со одредби од Законот за јавна чистота и Законот за екологија. Со членовите на Советодавната група и со останатите присутни, ке бидат  договорени и други иницијативи за надминување на одредени состојби од областа на криминалитетот.
 
На состанокот, свои излагања по темите  ке имаат претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од Локалната самоуправа на Општина Дебрца, од Националниот парк „Галичица“ и шумското стопанство од Дирекцијата за заштита и спасување, од Шумската полиција и од Територијалната противпожарна единица.

Ohridnews