СВР Охрид преку отсекот за превенција, а во координација со РСБСП, деновиве ја спроведе превентивната кампања „Вози одморен“.

Полициски службеници, на сообраќајниот пункт кај Подмолје, на возачите им поделија флаери, фрешери за во автомобил, вода, маици и капчиња со логото на кампањата.

Низ кратки разговори, возачите беа потсетувани за неопходноста од внимателно управување на моторните возила како основен предуслов за зголемена сообраќајна безбедност и избегнување сообраќајни незгоди.

OhridNews