Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со јавното претпријатие Национални шуми остварија средби со месното население во селата Ботун, Мешеишта, Волино, Требеништа и Песочан.

На средбите се разговараше како граѓаните да се заштитат од пожарите.

На граѓаните им беше укажано да не се палат стрништата, да не се фрлаат отпушоци, особено кога се движат во шума, а беа споделени и низа други совети кои можат да помогнат да се превенира ваквата појава. Доколку пак се забележи пожар, веднаш да се известат надлежните со цел што поскоро да се изгасне пожарот, информираат од МВР.

OhridNews