Отсекот за превенција и ОВР Струга, вчера,  го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, информираат од МВР.

Притоа, полициски службеници ги посетија учениците од прво одделение во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ и низ интерактивен пристап на најмладите им презентираа информации корисни за нивната безбедност во сообраќајот, ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи значајни за нив како пешаци-учесници во сообраќајот, велат во соопштението.

На учениците, додаваат, им бил поделен соодветен сообраќајно-едукативен материјал, кој треба да придонесе за нивна поголема сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот.

OhridNews