Јапонските научници измислиле направа за која тврдат дека ги распознава кучешките емоции според лаењето. Направата “Baulingvel Vojs” е апарат кој го анализира звукот на кучешкото лаење и го преведува со зборови разбирливи за луѓето. Обработува шест вида емоции, вклучувајќи тага, радост, стрес и слично.
Ќе започне да се продава наредниот месец во Јапонија и е технолошки понапредна верзија од основниот модел кој е направен пред седум години. Апаратот има микрофон кој се поставува околу вратот на кучето. Кога кучето ќе залае микрофонот ги бележи звуците и ги праќа податоците до апаратот кој преведува што сака кучето.