Неприфаќањето на името на независната советничка листа на еколошките организации од Охрид од страна на Државната изборна комисија ќе биде тема на прес-конференцијата закажана за денеска претпладне.
Граѓанските и еколошките невладини организации кои кои формираа независна советничка листа чиј носител е Борис Стојаноски ќе информираат и за претстојните активности по повод изборите.
Екологистите се убедени дека со влегувањето во локалните органи ќе имаат поголеми шанси во решавањето на проблемите со животната средина.
Ohridnews