Ова лето ќе биде исклучително топло, со голема влажност и честа појава на нестабилност проследена со пороен дожд и невреме. Во својата долгорочна прогноза Управата за хидрометеоролошки работи предвидува дека дневните температури ова лето ќе бидат повисоки од вообичаено, особено во јули и август.
Со зголемување на температурите се зголемува и опасноста по здравјето на луѓето, а особено внимателни треба да бидат хроничните болни. Поради тоа Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Македонија апелираат до населението да се придржува кон препораките за заштита од високите температури:
1. Да се одбегнуваат какви било напорни активности ( вклучувајки и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот). Неопходните работи завршувајте ги до 10 часот наутро или попладне по 17 часот.
2. Во текот на ваквите екстремно топли денови останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани ( обичните вентилатори не помагаат), а ако такви немате, поминете извесен период и во најблискиот климатизиран трговски центар.
3. Да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината).
4. Да се внесува помала количина храна, а посебно помалку мрсна храна, а да се редуцира и евентуланата зголемена телесна тежина.
5. Да се внесува голема количина течности ( не чекајте да бидете жедни) почнувајки од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалаци. Оние кои поради болест треба да одбегнуваат повеќе течности, за истото да се консултираат со матичниот доктор.
6. Да се одбегнуваат алкохолните пијалаци, пијалаци кои содржат кофеин и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголема количина шеќер.
7. При неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка и да се избегнува директен престој на сонце.
8. При привремено излегување од возилото во овие услови треба да го отворите прозорот и да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
9. Заедно со нивната редовна медикаментозна терапија, посебно дисциплиниарни по однос на овие препораки треба да бидат хроничните болни, поебно оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните боолести. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултитраат својот матичен доктор.
10. Почесто во денот проверувајте, интересирајте се за здравјето и на децата и на старите во вашето семејство! Интересирајте се за здравјето и на Вашите комшии, посебно ако се работи за осамени лица!