Комисијата за заразни болести поднела предлог до Владата да воведе полициски час од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро. Ваквото барање е во рамки на мерките за заштита на населението од ширење на коронавирусот, а причина е претстојниот празник и продолжениот викенд.

Како што појасни министерот за здравство, Венко Филипче, предлогот е поради тоа што изминативе денови најмногу инфицирани имало поради трансмисија на вирусот преку семејни собири.

  • Сите случаи што ги имавме минативе денови се должат на настани, семејни собири, што се случуваа изминативе денови. Токму поради тоа непочитување на мерките, ќе имаме нови случаи. Во таа смисла, само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект“, рече Филипче.

Тој додаде дека за намалување на полицискиот час ќе се разговара по продолжениот викенд.

Крајната одлука за времетраењето на полицискиот час во текот на продолжениот викенд е на владата.

OhridNews