Сончево и многу топло време не очекува наредните денови. Веќе денеска температурата во Охрид ќе се искачи до 30-от степен Целзиусов. Попладне во северните, северозападните делови на земјава и во Пелагонија ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Сончево и многу топло со температура около 30 степени, не очекува и во понеделник. Во вторник ќе биде уште потопло. Минималната температура ќе се движи пд 12 до 22, а дневната од 29 до 37 степени. Во среда ќе биде за степен потопло, а во четврток на места живата во термометрите ќе се искачи до 39-от степен Целзиусов, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews