Во рамки на четвртата научна и уметничка визита што ја организира МАНУ во куќата „Уранија“ – Охрид, на 29 јулу (среда) со почеток во 19 часот, ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски собрано во книгата „Поезија – Ткаења“.
Промотовен збор за творештвото на Димоски ќе одржат акад. Катица Ќулавкова и Мите Стефоски, директор на СВП, а избрана поезија на авторот ќе читаат актери од театарската група Аматер.
Во досегашното творештво Димоски зад себе има 10 стихозбирки, четири книги за деца, три книги есеи, осум изданија со избор од неговата поезија, тринаесет книги објавени на други јазици, а негови поетски циклуси и поединечни песни се преведен на над триесет јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски, италијански, грузиски, ерменски, монголски и други јазици.
Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот од 1982 година наваму.
Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на бројни награди и признанија меѓу кои наградите „Млад борец“, „Млада Струга“, „Златно Јаболко“, „Браќа Миладиновци“, „Гран-при на Европа“ во Романија, „Златна Есен – Сергеј Есенин“ во Русија, а двапати е лауреат на највисокото општинско призније – „Св Климент Охридски – патрон на Охрид“.
OhridNews