Во петок, 29 август, во Крушево, во рамки на саемот на книгата кој се одржува во Домот на културата „Наум Наумовски – Борче“, ќе биде претставена книгата „Јазичен триптихон“ од охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.

За книгата ќе зборува Никола Јовановски.

„Јазичен триптихон“ е во издание на ПНВ Публикации од Скопје и е носител на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга во 2015 година.

Пред извесно време во превод на српски јазик ја објави познатиот белградски издавач „Архипелаг“, а наскоро ќе се појави и на бугарски јазик во Софија.

OhridNews