Вечерва во „Култура 365“, а во рамките на летната манифестација ЛУНУС (Летни уметнички ноќи на улица Самоилова), во 20,30 часот, ќе биде претставен зборникот „Штипски роднокрајни писатели“ кој го составиле и уредиле: Благој Самоников, Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова.
Во него се застапени петнаесет штипски роднокрајни писатели: Шукри Рамо, Ацо Шопов, Никола Кљусев, Србо Ивановски, Љупчо Стојменски, Михаил Ренџов, Кирил Бујиклиев, Благој Самоников, Ристо Лазаров, Марија Емилија Кукубајска, Благој Китанов, Димо Димчев, Трајче Кацаров, Лидија Капушевска – Дракулевска и Соња Стојменска – Елзсер.
Зборникот ќе го претстави д-р Јованка Денкова, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а песните на штипските поети ќе ги читаат поети од Охрид.
OhridNews