Вечерва во „Кулб 365“, а во рамките на летната манифестација ЛУНУС (Летни уметнички ноќи на улица Самоилова) во 20,30 часот ќе биде претставено второто издание на романот „Втор откос“ од Дејан Величковски во издание на ПНВ Публикации – Скопје.

Содржината е возбудлива трилер-приказна за битката на поединецот против корумпираниот систем. Преку главниот лик, војник, специјалист, добиваме слика за тоа како во секој од нас постои она двојаство на добро и зло. На човек и ѕвер. На грижчив татко и сопруг од една страна и тренирана машина за убивање од друга…

Романот ќе го претстави Димитар Пандев.

Дејан Величковски е роден 1977 г. во Скопје. Завршил Воена академија во Скопје и работи како воено лице во Армијата на Република Македонија. Во светот на литературата влегува како преведувач од англиски јазик, а превел дела од: Гастен Леру, Џејмс М. Кејн, Акутагава, Конан Дојл, Х.Џ. Велс и др.

OhridNews