Во конференциската сала на хотелот „Дрим“ во Струга денеска ќе се одржи претставување и разговор со хрватската писателка Ена Катарина Халер, како дел од Струшките вечери на поезијата.

Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила Природно-математичка гимназија во Осиек, а освен што се занимава со пишување работи и како архитект.

Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Романот ги добива наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и финалист за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот излезе во превод на македонски јазик на Сашо Огненовски, а во издание на „ПНВ Публикации“.

Освен со прозни дела, Халер пишува и книжевни критики.

Настанот е дел од книжевната резиденција на Ена Катарина Халер во земјава.

OhridNews