Милан, Севилја, Валенсија, Бенфика, Шалке, ЦСКА Москва, Тотнем и Штутгарт ќе бидат први носители при ждрепката за групите од Лига-купот на УЕФА, кои ќе се влечат во утре, во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА), во Нион.

Со ждрепката ќе бидат формирани осум групи со по пет тима, но во групите нема да може да се најдат два тима од иста земја. Според пропозициите, секоја екипа ќе одигра по два меча дома и на гости, а најдобрите три од секоја група (вкупно 24) и осумте третопласирани од групите во Лигата на шампионите ќе продолжат во елиминациите напролет.

Финалето е на 20 мај во Истанбул (Турција).

Прв барабан : Милан, Севилја, Валенсија, Бенфика, Шалке, ЦСКА Москва, Тотнем и Штутгарт

Втор барабан : Хамбургер, Ајакс, Олимпијакос, Ла Коруња, Бриж, Спартак Москва, Пари Сен Жермен, Херенвен

Трет барабан : Розенборг, Удинезе, Феенорд, Брага, Славија Прага, Манчестер сити, Галатасарај, Сампдорија

Четврти барабан : Партизан, Херта, Нанси, Астон Вила, Портсмут, Сантандер, Копенхаген, Динамо (З)

Петти барабан : Сент Етјен, Волфсбург, Стандард, Твенте, НЕЦ Најмехен, Металист, Лех, Жилина

ohridnews