Гостите од полската компанија особен интерес покажале за активностите кои се однесуваат на собирање на отпадот од хартија и неговото рециклирање. Посетата на компанијата од Полска е иницирана од минатогодишното учество на директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче, на интернационалната конференција во Плок- Полска, на тема “Оддржливо управување со цврст отпад”.
Од јавното претпријатие се надеваат дека меѓусебната размена на искуство ќе резултира со понатамошна успешна соработка на двете претпријатија.