Професор д-р Васко Цуцулески и студентот Кристијан Ѓоршески од Факултетот за туризам и угостителство зедоа активно учество на Меѓународниот семинар по гастрономија што се одржа од 14- ти до 22- ри јуни во чешкиот град Опава.

На семинарот, Цуцулески и Ѓоршески имаа за цел да ја промовираат Македонската национална кујна пред повеќе од 30 учесници од разни земји од Европа. На семинарот беше организиран и македонски свечен ручек, подготвен од страна на проф. Цуцулески и студентот Ѓоршоски. На менито за овој ручек беше сервирано свечено јадење кое во Македонија традиционално се сервира за Божиќ.

Покрај гостите од другите земји учеснички, како почесни гости на ручекот посветен на македонската национална кујна беа и Ректорот на Универзитетот во Опава, како и градоначалникот на градот.

Од ФТУ потенцираат дека учеството на семинарот и подготвувањето на македонската храна е одлична можност за презентација на националните јадења од Македонија и индиректна промоција на туризмот.

OhridNews