Охрид денес и утре  е домаќин на редовната шестмесечна средба на  Управниот комитет за техничка соработка меѓу Царинската управа на Република Македонија и на Генералниот директоријат на оданочување и царина на Кралството Холандија.


На средбата како што беше соопштено на прес конференцијата што се одржа денеска  беа презентирани досегашните реализирани активности и достигнувања на македонската царинска управа во областа на реформите.


На средбата исто така станало збор за активностите што ќе бидат спроведени во наредните 6 месеци. Акцент ќе биде ставен на контролата на таканаречените стоки со двојна намена во која царинските служби сметаат дека ќе придонесе за зајакнување на безбедноста.  Станува збор за стоки за кои е потребна посебна царинска дозвола, а што можат да се користат за несакани активности доколку дојде до погрешни раце. Целта е царината да спречи  ваквиот вид стока да заврши во Ирак или Авганистан каде би можеле да се употребат во воени цели, беше речено на средбата со новинарите.


Средба на Царинските управи на Македонија и Холандија во Охрид

ohridnews