Во Охрид денеска ќе се одржи состанок помеѓу претставници на Министерството за животна средина и на Регионалната канцеларија на УНЕСКО со седиште во Венеција.
На средбата како што сме информиорани ќе стане збор за заштитата на зоните под закрила на светската организација. Исто така ќе се разговара за промоција на културното и природното богатство на Охрид во светот, за што ќе бидат побарани средства од УНЕСКО. Во Охрид претставниците на МЖСП и на регионалната канцеларија на УНЕСКО ќе разговараат и за прогласување нови локалитети за заштитени зони.
ohridnews