Претставници на ЈУНП „Галичица“ присуствуваа на годишното собрание на Македонското еколошко друштво, што деновиве се одржа во Скопје.

На Собранието меѓу другото се дискутирало и на повеќе актуелни теми како што се испитување на загадувањето на почвите со тешки метали, за достигнувањата и резултатите од петгодишниот период на истражување и заштита на мршојадците во Македонија  и друго.


На Собранието бил претставен и Зборникот на трудови од III Конгрес на екологистите на Македонија со меѓународно учество.

Ohridnews